Пари Сен-Жермен е во преговори со Лео Меси по неговото заминување од Барселона. Клубот стапил во контакт со Меси набргу откако беше објавено дека тој нема да остане на „Камп ноу“.
Нови преговори се најавени за денеска и во ПСЖ се убедени дека договор ќе биде постигнат. Братот на сопственикот на ПСЖ, катарскиот емир Калид бин Хамад бин Калифа Ал-Тани, изјави дека тоа е завршена работа.
Барселона завчера потврди дека Меси нема да остане во клубот, зашто за тоа постојат финансиски и структурални пречки. Претседателот Хоан Лапорта дополнително појасни дека задржувањето на Меси ќе го ставеше клубот во ризик во наредните 50 години.
„Овој клуб постои над 100 години и ништо и никој не е над него, дури и најдобриот играч на светот“, изјави Лапорта.
Меси наводно прифатил нов договор со намалена плата за дури 50%, но поради долгот од над една милијарда евра, Барселона мораше да продаде неколкумина играчи за да ги задоволи неговите финансиски побарувања.
Трансферот на Меси во ПСЖ ќе биде можен според правилата на финансискиот фер-плеј, бидејќи клубот ова лето главно донесе слободни играчи (Вајналдум, Серхио Рамос и Донарума).