Светот и Македонија овие денови уживаат во врвот на метеорскиот дожд Персеиди, небесен спектакл што оваа година трае од 25 јули до 18 август.
Убавата глетка ја надополнува фактот што Месечината е сè уште далеку од својата полна фаза, со што небото е доста мрачно и метеорите се лесно видливи.
Персеидите се случуваат кога Земјата поминува низ ситни остатоци што зад себе ги остава древната комета Свифт-Татл, а за да се набљудува феноменот, мора да се отиде надвор од населено место.
Фото: Ѓ. ЛИЧОВСКИ