ЗЛАТНИ ДВОГЛАВИ ОРЛИ, КРСТОВИ И ДРУГ НАКИТ ТЕШКИ НАД 2,7 КИЛОГРАМИ ФАТИ ВО АВТОБУС ЦАРИНАТА НА ДЕВЕ БАИР

    ЗЛАТНИ ДВОГЛАВИ ОРЛИ, КРСТОВИ И ДРУГ НАКИТ ТЕШКИ НАД 2,7 КИЛОГРАМИ ФАТИ ВО АВТОБУС ЦАРИНАТА НА ДЕВЕ БАИРВозачот на автобусот е задржан и предаден на полицијата. (Фото: Царинска управа)

    Оперативците на Царината на граничниот премин Деве Баир денеска во турски автобус пресретнаа шверц на повеќе ќесиња разновиден златен накит, тежок 2.773 грама, вреден 146,5 илјади евра. Меѓу запленетиот обемен накит, има и златни големи брошеви – двоглави орли, како и куп златни приврзоци – крстови.

    Запленети се и накитот и автобусот со фабричка шуплина во здолниот негов дел, за шверцување на стока.

    Денеска околу 06:00 часот на ГП Деве Баир, за влез во државата се пријавил автобус марка мерцедес 0403 со македонски регистарски ознаки СК 4662 ББ, управувано од лицето Т. Д. од Република Турција. При вршење на детална контрола од страна на царински службеници од Одделението за оперативни работи, над задните тркала од подвозјето, во модифицирана фабричка шуплина, наменета за криумчарење на стока, биле пронајдени 20 најлонски кеси со златен накит, со вкупна тежина од 2.773 грама, при што вкупната вредност на стоката и автобусот изнесува околу 9.000.000,00 денари или 146.341 ЕУР“, соопшти Царината.

    Возачот е задржан и предаден на полицијата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира