НАДВОРЕШЕН ЕКСПЕРТ ГИ ИЗВЛЕКОЛ ПОДАТОЦИТЕ ОД УБК ШТО СЈО ГИ БАРАШЕ СО СУДСКА НАРЕДБА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАДВОРЕШЕН ЕКСПЕРТ ГИ ИЗВЛЕКОЛ ПОДАТОЦИТЕ ОД УБК ШТО СЈО ГИ БАРАШЕ СО СУДСКА НАРЕДБА

    Експертот од призводителот на опремата за прислушување во УБК „Ериксон“ денеска ги извлекол податоците за кои СЈО имаше обезбедено судска наредба, соопштија од Специјалното јавно обвинителство.

    „Во текот на денешниот ден, со помош на надворешен експерт обезбеден од производителот на помошните сервери кои се во сопственост на телекомуникациските оператори, а физички се наоѓаат во Управата за безбедност и контраразузнавање, беше извршено одземање на сите податоци од помошните сервери согласно судската наредба“, стои во сооопштението на СЈО

    Од таму велат дека бидејќи предметот е во предистражна постапка во овој момент нема да даваат дополнителни информации. „Одземените податоци ќе бидат предмет на анализа и нашите наоѓања ќе бидат благовремено споделени со јавноста“, соопштија од СЈО.

    Тие велат дека спроведувањето на судската наредба од страна на надворешниот експерт билое овозможено од Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, а дополнителни гаранции билеа дадени и од Министерот за внатрешни работи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира