ПРОДОЛЖИЈА ЕВАКУАЦИИТЕ ОД АЕРОДРОМОТ ВО КАБУЛ, ТАЛИБАНЦИТЕ ГИ ПОЧНАА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ ВЛАДА

    ПРОДОЛЖИЈА ЕВАКУАЦИИТЕ ОД АЕРОДРОМОТ ВО КАБУЛ, ТАЛИБАНЦИТЕ ГИ ПОЧНАА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ ВЛАДАТешко вооружени талибански борци сега ги контролираат улиците на Кабул (Фото: Гети)

    Летовите од аеродромот во Кабул продолжија по неколкучасовниот прекин поради огромниот метеж на пистата, додека талибанскиот лидер Амир Кан Мутаки пристигна во градот на преговорите за формирање нова влада.

    Воените авиони утрово продолжија со евакуацијата на дипломатите и цивилите од Авганистан, откако американската војска го обезбеди аеродромот и ја испразни пистата. Во вчерашните хаотични сцени на аеродромот загинаа седум лица, од кои две биле застрелани од американската војска.

    „Многу луѓе кои беа тука вчера си заминаа“, изјави официјално лице на една западна земја.

    Русија, Кина и Пакистан се единствените земји чии амбасади останаа оперативни и откако талибанците влегоа во Кабул во неделата.

    Портпаролот на талибанците Сухаил Шаин најави дека новата авганистанска влада ќе биде инклузивна и ќе вклучи и лидери кои не се дел од талибанското движење. Тој претходно изјави дека составот на новата влада ќе биде објавен откако ќе завршат преговорите со неталибанските лидери. Талибанците во меѓувреме прогласија амнестија на сите досегашни владини функционери и ги повикаа да се вратат на работа, отфрлувајќи ги стравувањата дека ќе има одмазди.

    „Животот, имотот и честа на сите ќе бидат заштитени од муџахедините“, кажа Шаин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира