Најмалку три лица се убиени, а повеќе од десет се повредени откако талибанските милитанти отвориле оган кон група демонстранти во авганистанскиот град Џалалабад, изјавија сведоци и поранешни полициски функционери.
Талибанците запукале кога локални жители го симнале талибанското знаме и сакале да постават авганистанско национално знаме на главниот плоштад. Освен во Џалалабад, демонстрации против талибанците имало и во градовите Кунар и Хост, каде што исто така се носеле државни знамиња.
Се појави и видео снимено во долината Панџшир северно од Кабул, кое што наводно прикажува припадници на „армијата на отпорот“ на поранешниот потпретседател Амрула Салех, кој вчера се прогласи за нов легитимен претседател на Авганистан. Тоа е единствената провинција која сè уште не паднала во рацете на талибанците.
Талибанците засега не ги коментираа овие настани, но ова се први поголеми инциденти откако тие во неделата влегоа во Кабул и прогласија крај на војната.