ДЕНИС ЛО Е ПОСЛЕДНАТА БРИТАНСКА ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА КОЈА ОБЈАВИ ДЕКА ИМА ДЕМЕНЦИЈА

ДЕНИС ЛО Е ПОСЛЕДНАТА БРИТАНСКА ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА КОЈА ОБЈАВИ ДЕКА ИМА ДЕМЕНЦИЈАЛо беше европски првак со Манчестер јунајтед и ја освои Златната топка во 1964 (Фото: Шатерсток)

Легендата на Манчестер јунајтед и шкотскиот фудбал Денис Ло објави дека има деменција и тој е последниот во низата британски фудбалери на кои им била дијагностицирана дегенеративна мозочна болест. Минатата година, и сер Боби Чарлтон откри дека боледува од деменција.

Осумдесет и едногодишниот Ло постигна 30 голови на 55 мечеви за Шкотска, а во Манчестер јунајтед беше дел од славното напаѓачко тројство со Чарлтон и Џорџ Бест. Во 1964 година ја освои Златната топка како најдобар фудбалер во Европа.

Една студија од 2019 година покажа дека професионалните фудбалери имаат три и пол повеќе шанси да починат од деменција од општата популација.

Чарлтон е петтиот член на тимот на Англија кој стана светски првак во 1966 на кого му била дијагностицирана деменција. Претходно, од оваа состојба починаа неговиот брат Џек, Ноби Стајлс, Мартин Питерс и Реј Вилсон и се верува дека таа е поврзана со премногу удирање топка со глава.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира