„Свис ерлајнс“ е уште една од низата авикомпании кои воведоа задолжително вакцинирање на пилотите и кабинскиот персонал, кои имаат рок да се вакцинираат до 15 ноември или да ризикуваат да бидат отпуштени.
„Свис“ вели дека задолжителната вакцинација не е само поради здравствени причини туку и поради тоа што стана премногу комплицирано да се раководи авиокомпанија со вакциниран и невакциниран екипаж. Многу земји примаат само вакцинирани патници, па иако екипажите се главно изземени од тие правила, се чини дека тоа наскоро ќе се смени, што ќе ја загрози работата на компанијата оти нема да може да лета на тие дестинации.
Од „Свис“ велат дека биле принудени да реагираат откако Хонгконг ненадејно воведе задолжителна вакцинација и за екипажите, оти инаку се соочуваат со одложување на летовите.
Американската „Јунајтед ерлајнс“ беше првата која воведе задолжително вакцинирање за сите вработени до 27 септември.