ЗА 45 ГОДИНИ ДИПЛОМИРАА 1.000 ИНЖЕНЕРИ ПО РУДАРСТВО И ГЕОЛОГИЈА, ДЕНЕС СЕ ДЕФИЦИТАРНИ

    ЗА 45 ГОДИНИ ДИПЛОМИРАА 1.000 ИНЖЕНЕРИ ПО РУДАРСТВО И ГЕОЛОГИЈА, ДЕНЕС СЕ ДЕФИЦИТАРНИДенот на рударите -28 Август се одбележува од првиот штрајк на рударите на 28 август 1929 во рудникот „Лојане“ кај Куманово. (Фото: Рудник „Саса“)

    Годинава се одбележува 92-годишнина на Денот на рударите во Македонија, кој се одбележува од првиот штрајк на рударите на 28 август 1929 во рудникот „Лојане“ кај Куманово.

    Но, тоа не значи дека во историјата на нашето рударство немало штрајкови и во поново време. Еден од поспецифичните беше штрајкот на рударите од Рудникот „Саса“ на 14 март 2018, кога рударите од Македонска Каменица бараа повисоки плати, подобри и безбедни услови за работа посебно поради тоа што во претходните неколку години се случија несреќи во рудниците кои однесоа човечки животи.

    Историјата на рударството во Македонија и во централна Европа најдобро е опишана во зборникот на трудови презентирани на меѓународна научна конференција на која учествувал и професорот Зоран Десподов со научниот труд „ Историскиот развој на македонското рударство од праисторијата до денес“. Коавтори на книгата се професорите Дејан Мираковски, проректор на Штипскиот универзитет и Ѓорги Малковски од Институтот за национална историја во Скопје.

    Десподов, декан на Штипскиот факултет по природни и технички науки, вели дека за неполни 45 години колку што постои високо образование во Македонија на овие две струки дипломирале над 1.000 студенти и денес речиси и да нема невработен инженер по рударство или геологија. Тие, уште во старт имаат од 40.000 до 50.000 денари плата, а ако имаат и раководни функции платите им се поголеми, кај некои доаѓаат до 1.000 евра, па и повеќе.

    „Синергијата меѓу образованието што ние се обидуваме постојано да го осовременуваме и стопанството во случајот рудниците и разните институти за рудно богатство, гоеолошките заводи и слично направи да немаме невработен дипломец од овие две струки. За ова најмногу придонесоа компаниите во областа на рударството кои во последните десеттина години бележат дефицит од ваков стручен кадар“, вели Десподов.

    Според него, сегашните потреби од стручен кадар во стопанството не се задоволени за што зборуваат и последните статистички податоци. Речиси сите компании бараат нови стручни кадри и спроведуваат разни стимулативни мерки идните студенти да ги изберат овие струки.

    „Симбиозата образование-стопанство дојде до израз па за да се задоволат потребите од нови кадри стопанството започна со стипендирање на млади инженери кои ќе одберат студии по рударство и геологија. Во овој поглед посебно предначи Рудникот ‘Саса‘ кој секоја година обезбедува стипендии за идните студенти. За наредната 2021/2022 студиска година предвидува 5 стипендии за студенти по рударство, две за геолози и една за студиите за заштита на животната средина. Голем стимуланс прави и самиот Универзитет ‘Гоце Делчев‘ кој најдобрите дваесет рангирани студенти ги ослободува од студентска партиципација“, вели Десподов.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира