Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро вели дека има три алтернативи за следната година, кои вклучуваат и негово убиство.
„Има три алтернативи за мојата иднина: да ме уапсат, да бидам убиен или да победам на изборите следната година“, кажа 66-годишниот Болсонаро на средба со евангелистичките лидери.
Тој додаде дека нема шанси да биде уапсен, зашто ниеден човек на планетата не може да му се заканува.
Болсонаро верува дека ќе го освои вториот мандат, иако во сегашните анкети заостанува зад бившиот претседател Луис Инасио Лула де Силва. Тој ги повика евангелистичките лидери да се придружат на националните демонстрации на 7 септември, на кои ќе собира поддршка за изборите. Огромниот евангелистички гласачки блок имаше клучна улога во неговата победа на изборите во 2018.