КОСОВО ВОВЕДЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС И ГО ОДЛОЖИ ПОЧЕТОКОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА, ДЕНЕСКА 36 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19

    КОСОВО ВОВЕДЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС И ГО ОДЛОЖИ ПОЧЕТОКОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА, ДЕНЕСКА 36 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19Активни болни во моментов се над 26.000, над 1.000 се в болница. (Фото:

    Косово воведе ноќен полициски час и го одложи почетокот на учебната година за две недели, бидејќи се зголемува бројот заразени со коронавирус, соопшти владата. Полицискиот час ќе стапи на сила утре од 22 до 5 часот, додека учебната година ќе започне кон средината на септември, наместо на 1 септември. Угостителските објекти ќе работат само на отворено и до 21.30 часот.

    Денеска починаа 36 лица, а од 11.017 тестови се регистрирани 1.630 позитивни. Активни болни во моментов се над 26.000, над 1.000 се в болница. Дневните случаи на ковид-19 се зголемија од неколку стотини на почетокот на август на околу 2.000 дневно во моментов.

    Косово, земја со 1,8 милиони жители, регистрираше околу 140,000 инфекции од почетокот на пандемијата и 2.500 смртни случаи. Една четвртина од населението е вакцинирано.

    Министерот за здравство Арбен Витиа рече дека бројот на заразени деца се зголемил, „особено оние на возраст од 10 до 19 години, кои се сметаат за причина за ширење на вирусот“. Владата, исто така, забрани фестивали, концерти, свадби и други прослави.

    Од 13 септември, сите вработени во државните компании и јавни институции или ќе треба да се вакцинираат, да направат тестови или да достават потврда дека прележале ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира