КИНЕСКИ ПЛИВАЧ БЕЗ РАЦЕ ОСВОИ ЧЕТИРИ ЗЛАТА НА ПАРАОЛИМПИЈАДАТА ВО ТОКИО

    КИНЕСКИ ПЛИВАЧ БЕЗ РАЦЕ ОСВОИ ЧЕТИРИ ЗЛАТА НА ПАРАОЛИМПИЈАДАТА ВО ТОКИОЖенг Тао ги изгубил рацете како дете како последица на електричен удар (Фото: Гети)

    Кинескиот пливач Женг Тао го освои интернетот откако урна рекорди и се закити со четири злата на Параолимписките игри во Токио, иако нема раце.

    Женг, кој ги изгубил рацете како дете како последица на електричен удар, доминираше во трките со слободен, грбен и пеперутка стил. Сите негови победи беа проследени со светски или параолимписки рекорд.

    „Види колку брзо можам да пливам иако немам раце“, кажа Женг по една од победите, обраќајќи ѝ се на својата двегодишна ќерка преку видеоповик.

    Меѓу трките во кои што постави светски рекорд е финалето на 50 метри грбно, што ја стартуваше така што се одби од блокот држејќи чаршав со забите.

    Според кинеските медиуми, Женг се подготвувал за Токио пливајќи најмалку десет километри на ден. Тој почнал да плива на 13 години и шест години подоцна го имаше меѓународното деби на Светското првенство во Холандија. Првото параолимписко злато го освои во Лондон во 2012.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира