„СЕСТРИ“ НА ДУМА ГО ОТВОРА „БРАЌА МАНАКИ“

    „СЕСТРИ“ НА ДУМА ГО ОТВОРА „БРАЌА МАНАКИ“„Сестри“ ја доби Специјалната награда на жирито во програмата Источно од Западот, на филмскиот фестивал во Карлови Вари. (Фото: КИФФ)

    „Сестри“, дебитантскиот филм на режисерката Дина Дума, ќе го отвори 42. издание на Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола (16-21 септември), соопшти Фестивалот. Ова ќе биде македонската премиера на „Сестри“, чиј кинематографер е Наум Доксевски, а кој на 28 август ја доби Специјалната награда на жирито во програмата Источно од Западот, на филмскиот фестивал во Карлови Вари, најголемиот во Чешка и еден од А категорија во светот.

    Во кратката програма македонска премиера ќе има и „Северен пол“ на Марија Апчевска, кој во јули играше во конкуренцијата за Златна палма во Кан.

    Австрискиот кинематографер Кристијан Бергер и рускиот режисер Андреј Кончаловски се годинашни лауреати на „Браќа Манаки“ чие мото годинава е „И покрај сѐ“. Бергер, кинематограферот на Михаел Ханеке, еден од најголемите австриски и светски режисери, ќе ја добие Златната камера за животно дело и ќе дојде во Битола, додека Кончаловски, еден од најголемите руски режисери, поради возраста одлучил да не патува во овие услови. Актерот Бајрам Северџан, најпознат по филмовите „Црна мачка, бел мачор“ на Емир Куструрица, „Трето полувреме“ на Дарко Митревски и „До балчак“ на Столе Попов, е добитник на Големата ѕвезда на македонскиот филм, награда која ја доделува Друштвото на филмски професионалци (ДФРМ).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира