УПРАВАТА ЗА САНКЦИИ ВЕЛИ ДЕКА НЕ ДАВА ПАУЗА ОД ЗАТВОР ОД РАКАВ, ТУКУ ЗАД ЛЕКУВАЊЕТО НА МИЛЕСКИ СТОЈАТ ПРЕПОРАКИ ПОТПИШАНИ ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ

    УПРАВАТА ЗА САНКЦИИ ВЕЛИ ДЕКА НЕ ДАВА ПАУЗА ОД ЗАТВОР ОД РАКАВ, ТУКУ ЗАД ЛЕКУВАЊЕТО НА МИЛЕСКИ СТОЈАТ ПРЕПОРАКИ ПОТПИШАНИ ОД СПЕЦИЈАЛИСТИОд Управата за извршување санкции велат дека Милески имал тахикардија од акутен стрес (Фото:СДК.МК)

    Управата за извршување санкции, цитирајќи законски одредби дека не може да одбие, кажа дека еден месец отсуство му дала на осудениот во „Рекет“ Зоран Милески-Кичевскиот, зашто лекари специјалисти аргументирале со извештаи дека мора да се лекува од акутен срцев проблем.

    Управата ги наведува и апчињата што ги пиел осуденикот Милевски .

    Немаше да се знае дека Милески има прекин на издржувањето на казната, ако не се случеше сообраќајната несреќа во саботата кај Стража, во која имаше и жртва, а еден од учесниците во судирот на три возила, е Милески.

    На осудениот Зоран Милески му е одобрен прекин на издржувањето на казната затвор во согласност со член 225 ст.1 од Законот за извршување на санкциите.

    „Казната затвор која оваа осудено лице ја издржува во КПД од отворен вид Струга му се прекинува во времетраење од 30 дена и тоа од 10.08.2021 година до 09.09.2021 година на кој ден иститот треба да се врати во КПД Струга и да продолжи со издржување на казната. Прекинот од 30 дена не му се засметува во вкупната казна затвор, а истиот му беше одобрен од причина што на Управата за извршување на санкции осудениот кон своето барање за одобрување на прекин поради влошена здравствена состојба, достави и специјалистички извештаи од лекарски прегледи извршени на 06.08.2021 година и на 09.08.2021 година во ЈЗО Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања ,,Св.Стефан” во Охрид“, вели Управата. Во специјалистичките извештаи било наведено дека пациентот се јавил на преглед поради чувство на забрзана срцева работа, градна болка, диспнеа и видлива агитираност кои се јавиле по интезивен психички и физички стрес, еден час пред прегледот.

    „Пациентот бил поставен на хемодинамски мониторинг, ординирана терапија со таблети Пресолол и Кордароне, и седација, после која дојде до нормализирање на срцевата фреквенција. Дијагнозата за која специјалистот навел дека е потребно да се продолжат медицински иследувања е ‘суправентрикуларна тахикардија’ и индицирани и закажани се ехокардиоградија, холтер EKG, Холтер ТА, колор доплер сонографија на каротидни артерии, KCT, а препишана е и соодветна медикаментна терапија. Стручните лица навеле дека било потребно повеќедневно испитувње“, одат во детали Управата за извршување санкции.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира