ПОПИСОТ СЕ ОДВИВА БЕЗ ПРОБЛЕМИ, ДОСЕГА ПОПИШАНИ 150.000 ГРАЃАНИ, КАЖА СИМОВСКИ

    ПОПИСОТ СЕ ОДВИВА БЕЗ ПРОБЛЕМИ, ДОСЕГА ПОПИШАНИ 150.000 ГРАЃАНИ, КАЖА СИМОВСКИПопишувачите ќе добијат адреси каде што има заболени од коронавирус за да не одат кај нив и да се договорат кога им завршува изолацијата или да се договорат да го извршат пописот согласно здравствените протоколи. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Пописот на населението и домаќинствата во Кумановскиот Регион, во кој спаѓаат Општините Куманово и Старо Нагоричане се одвива непречено, комплетирани се сите потребни учесници во процесот, регионални инструктори и попишувачи, и нема проблеми во однос на здравствената состојба, кажа директорот на Државниот завод за статистика при денешната посета на Регионалната пописна комисија во Куманово.

    „Куманово секогаш имаше повеќе кандидати од тоа што баравме од старт и сè што се бараше беше пополнето. Имаме добар прием кај населението, немаме информација за некакви одбивања, се надевам дека така ќе остане и до крајот“, изјави Симовски.

    Тој додаде дека од утрово системот бил во прекин за да се рестартира и да се ажурира тоа што вчера е сработено, по што е продолжено попишувањето. До пред 11 часот биле попишани околу 150.000 граѓани во земјава.

    За вчерашниот технички проблем најдено е решение, како што кажа Симовски, за што постои цела екипа која што е подготвена да интервенира во случај на такви проблеми.

    Попишувачите ќе добијат адреси каде што има заболени од коронавирус за да не одат кај нив и да се договорат кога им завршува изолацијата или да се договорат да го извршат пописот согласно здравствените протоколи.

    Досега нема изречено казна за некој што одбил да се попише.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира