Судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар му одреди 30 дена притвор на Зоран Милески-Кичевскиот за тешката сообраќајна несреќа во саботата кај Стража, во која загина едно лице, а седуммина се повредени.
Мерката е притвор е на барање на обвинителството, според кое тој претекнал на две полни линии и се судрил со две возила. Гостиварското обвинителство ја побара мерката притвор поради опасност на влијание врз сведоците и можност Милески да го повтори делото.
Милески, кој е осуден на три години затвор во случајот „Рекет“, е на едномесечен прекин, откако лекари од Охрид препорачале да се лекува од стрес, тахикардија и тешко дишење, а Управата за извршување на санкциите, му дала такво решение по препораката.
- ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА ЗАТВОРЕНИКОТ ЗОРАН МИЛЕСКИ-КИЧЕВСКИОТ, ПРЕТЕКНУВАЈЌИ НА ПОЛНА ЛЕНТА КАЈ СТРАЖА ЈА ПРИЧИНИЛ СООБРАЌАЈКАТА СО ЕДЕН ЗАГИНАТ
- УПРАВАТА ЗА САНКЦИИ ВЕЛИ ДЕКА НЕ ДАВА ПАУЗА ОД ЗАТВОР ОД РАКАВ, ТУКУ ЗАД ЛЕКУВАЊЕТО НА МИЛЕСКИ СТОЈАТ ПРЕПОРАКИ ПОТПИШАНИ ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ
Милески се возел со двајца српски државјани. Тој казната ја издржуваше во отвореното одделение во затворот во Струга.