ОД КАНЦЕЛАРИЈА НА ИВАНОВ ОСТАНА САМО „ФИКУС НИЗАЕДЕН“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОД КАНЦЕЛАРИЈА НА ИВАНОВ ОСТАНА САМО „ФИКУС НИЗАЕДЕН“

    Канцеларијата на Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов во центарот на Скопје зјае празна уште од 13 април, кога беше искршена од револтирани демонстранти поради тоа што тој амнестираше 56 функционери од власта и нивни помошници за кои СЈО поведе постапки, но и сведоци во постапките на СЈО, иако стаклата од излогот набргу беа сменети. Однадвор може да се види дека внатре ѕидовите се бојосани. Кабинетот на Иванов за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека Канцеларијата наскоро пак ќе проработи, но не прецизира време.

    Протестите по аболицијата  траеја два месеца низ цела Македонија, поради тоа што претседателот амнестираше осомничени за тежок криминал. На ѕидот од Канцеларијата на Иванов уште стои графитот “фикус низаеден“.

    Однадвор може да се види дека внатре ѕидовите се бојосани, а Иванов најавува дека Канцеларијата наскоро пак ќе проработи (Фото: СДК.МК)

    Однадвор може да се види дека внатре ѕидовите се бојосани, а Иванов најавува дека Канцеларијата наскоро пак ќе проработи (Фото: СДК.МК)

    На прашањата од САКАМДАКАЖАМ.МК колкумина вработени има  канцеларијата во Скопје, дали одат на работа, и дали земаат плата ако не доаѓаат на работа, од  кабинетот на Иванов не добивме прецизен одговор.

    “Народната канцеларија во Скопје е во фаза на обновување на оштетениот инвентар и ќе биде отворена за граѓаните на Република Македонија кога ќе заврши тој процес. Лицата кои беа ангажирани во Народната канцеларија редовно извршуваат работни обврски во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија“, ни одговори Кабинетот.

    За време на протестите на Шарената револуција искршена беше и канцеларијата на Иванов во Тетово. Таму се јавивме по телефон, но говорна порака вели дека претплатничката линија е во прекин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира