БУГАРИЈА НА 14 НОЕМВРИ ОДИ НА ТРЕТИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ОВАА ГОДИНА

    БУГАРИЈА НА 14 НОЕМВРИ ОДИ НА ТРЕТИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ОВАА ГОДИНАПретседателот Румен Радев утре ќе назначи нова привремена влада (Фото: Фејсбук)

    Бугарскиот претседател Румен Радев ги распиша третите парламентарни избори оваа година, кои ќе се одржат на 14 ноември, откако неизвесните избори во април и јули не резултираа со формирање влада.

    Радев, кој на истиот датум ќе се бори за нов претседателски мандат, ќе го распушти парламентот и ќе назначи нов привремен премиер утре.

    Општото незадоволство и честите протести против корупција во најсиромашната членка на Европска Унија придонесоа за завршување на речиси еднодецениското владеење на Бојко Борисов, но расправиите и ривалствата помеѓу партиите во расцепканиот парламент спречија да се обезбеди мнозинство за формирање влада по претходните избори оваа година.

    Се очекува Стефан Јанев да остане привремен премиер, додека Радев вели дека главната цел е повторно градење доверба во институциите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира