СТОРИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА БАЛКАНСКИОТ РИС НА РАДИОМОФ ЈА ОСВОИ ПРВАТА НАГРАДА НА ЕУ ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО

    СТОРИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА БАЛКАНСКИОТ РИС НА РАДИОМОФ ЈА ОСВОИ ПРВАТА НАГРАДА НА ЕУ ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВОДобитниците на трите Награди на Европската Унија за истражувачко новинарство за 2020. (Фото: ССНМ)

    „По трагите на балканскиот рис“, истражувачка сторија во две продолженија работена во 3 земји во регионот, на тимот на РадиоМОФ ја освои првата Награда на Европската Унија за истражувачко новинарство за 2020. Наградата на екипата составена од новинарите Јасмина Јакимова, Емилија Петреска, Даниел Евросимоски и Бојан Шашевски им донесе и 5.000 евра.

    „Разочарувачки е тоа што и повеќе од една година од објавата, институциите не се најдоа погодени да реагираат на наодите кои буквално на тацна им се дадени. Каква иднина воопшто имаме со оглед на тоа што продолжуваме да ги уништуваме еко системите, продолжуваме да го уништуваме живеалиштето на балканскиот рис и на целото природно богатство кое го имаме, а со тоа и самите си се уништуваме“, рече Емилија Петреска од РадиоМОФ по примањето на наградата и апелираше до институциите и до јавноста „да не дозволиме балканскиот рис да не остане само на петденарката, туку да си го зачуваме и по планините“.

    Втората награда ја освои Истражувачката репортерска лабораторија Македонија (ИРЛ) за серијалот истражувања „Пандемиско профитерство: Другата страна на приказната за ковид-19“. Оваа награда носи 3.000 евра.

    Третата награда и 2.000 евра освои сторијата на Кристина Озимец и Влатко Стојановски „Работат 44, а плата земаат 1.410 лица – Истражувачки серијал за работата на Министерството за политички систем“ објавена на Пина.мк и Самопрашај.мк.

    ЕУ наградата за истражувачко новинарство е воспоставена од Европската комисија во 2015 и има за цел да ги истакне и промовира извонредните постигнувања на истражувачките новинари, како и да ја подобри видливоста на квалитетното новинарство во земјите од Западен Балкан и Tурција. Во Македонија, партнер на наградата е Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира