ОГНОТ ДОЈДЕ НА 300 МЕТРИ ДО НАШИТЕ КУЌИ, ВЕЛАТ ЖИТЕЛИТЕ НА СТРУШКОТО СЕЛО ВИШНИ, КОИ НАДВОР ЈА ПОМИНАА НОЌТА

    ОГНОТ ДОЈДЕ НА 300 МЕТРИ ДО НАШИТЕ КУЌИ, ВЕЛАТ ЖИТЕЛИТЕ НА СТРУШКОТО СЕЛО ВИШНИ, КОИ НАДВОР ЈА ПОМИНАА НОЌТАОгнот брзо се ширел зашто просторот околу селото е со неискосени ливади (Фото: СДК.МК)

    Жителите на струшко Вишни во страв ја поминаа ноќта поради пожарот кој три дена беше активен на Јабланица. Побарале помош и од Центарот за управување со кризи, но никој не одговорил на нивните молби. Оставени сами на себе, велат дека ја имале најстрашната ноќ во нивните животи.

    „Ни велеа сè е под контрола, а ние гледавме како огнот се приближува до куќите. Брзо се ширеше, просторот околу селото е со неискосени ливади“, вели жител на Вишни.

    Пожарот меѓу селата Белица и Вишни се приближил на 300 метри до првите куќи.

    „Имаше голем оган. Синоќа дуваше и ветер и на моменти пожарот се распламтуваше многу силно. Можеше цело село да изгори. Пожарната дојде и ни рекоа нема гајле, далеку е, но за нас не беше далеку“, велат исплашените мештани.

    Екипи на „Македонски шуми“ денеска излегоа на терен да ги видат последиците од пожарот на Јабланица. Теренот бил непристапен за преземање какви било активности.

    „Тоа е карпесто место со сува трева и тешко може да се пристапи. Го поминавме целиот терен и состојбата е задоволителна. Нема оган и опасност од ширење“, рече Васил Радиноски, раководител на „Македонски шуми – Струга“.

    Kомандирот на Територијалната противпожарна единица во Струга, Фети Мазари, вели дека пожарот е ставен под контрола. Пожарот на Јабланица зафати сува трева и борова и дабова шума.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира