БРИСЕЛ ЌЕ ИМЕНУВА УЛИЦА СПОРЕД УБИЕНА СЕКСУАЛНА РАБОТНИЧКА

    БРИСЕЛ ЌЕ ИМЕНУВА УЛИЦА СПОРЕД УБИЕНА СЕКСУАЛНА РАБОТНИЧКАЈунис Осајанде била убиена со нож од еден муштерија во 2018 година

    Брисел ќе именува нова улица според убиена нигериска сексуална работничка, како дел од поширока кампања за оддавање признание на жени во Белгија. Улицата ќе се вика Јунис Осајанде, која беше убиена со нож од еден нејзин муштерија во 2018 година.

    „На овој начин сакаме да го свртиме вниманието кон сите заборавени жени кои се жртви на трговија со луѓе, сексуално насилство и убиство“, соопштија градските власти.

    Привлечена од ветувањата за работа и посветла иднина во Европа, Осајанде дошла во Брисел во 2016. Таа верувала дека ќе гради актерска кариера во Белгија, но место тоа, луѓето со кои контактирала биле трговци со луѓе. Кога дошла во Брисел, веднаш била принудена да се проституира и ѝ било кажано дека на шверцерите им должи 45.000 евра.

    Пред да биде убиена, Осајанде стапила во контакт со една хуманитарна организација, но била уплашена да оди во полиција зашто била незаведен мигрант. Во јуни 2018, 23-годишната Осајанде била избодена 17 пати од еден муштерија, што предизвика протести во Брисел. За нејзиното убиство е обвинет 17-годишник, кој чека судење.

    Проституцијата не е нелегална во Белгија, но не постојат единствени национални правила.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира