ПОЛИЦИЈАТА ГО ИСТРАЖУВА СЕЧЕЊЕТО МЛАДИ САДНИЦИ ВО ВЕЛЕС ВО МАРТ ОТКАКО СЕ ЈАВИ ОЧЕВИДЕЦ НА НАСТАНОТ

    ПОЛИЦИЈАТА ГО ИСТРАЖУВА СЕЧЕЊЕТО МЛАДИ САДНИЦИ ВО ВЕЛЕС ВО МАРТ ОТКАКО СЕ ЈАВИ ОЧЕВИДЕЦ НА НАСТАНОТИнцидентот се случи ноќта меѓу 29 и 30 март, за време на полициски час (ФотоЧ СДК.МК)

    Велешката полиција доби нови информации за сечењето на 14 млади садници покрај оградата на „Маслодајна“ на улицата АСНОМ пролетоска, откако се јавил еден сведок на настанот. Инцидентот се случи ноќта меѓу 29 и 30 март, кога беше исечен поголемиот дел од младите садници, кои беа засадени пред една година.

    „Се јави очевидец, кој кажа што видел критичната ноќ. Опиша како сторителот ги исекол младите садници со пила за време на полициски час. За сè што ни беше кажано, составивме записник и го информиравме СВР Велес за натамошна постапка. Садниците се исечени намерно и тенденциозно“, кажаа од локалната власт.

    Неоштетените садници процветаа пролетоска, додека останатите, и покрај тоа што беа исечени, потераа од корен и формираа нови фиданки. Од велешката полиција кажаа дека е оформен предмет и работат по него.

    „Се постапува по информацијата добиена од локалната власт. Се преземаат активности за расчистување на случајот“, изјави Верољуб Додески, портпарол на СВР Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира