ХРВАТСКАТА ПОЛИЦИЈА ЕДНА НЕДЕЛА НЕ МОЖЕ ДА ГО УТВРДИ ИДЕНТИТЕТОТ НА ЖЕНАТА СО АМНЕЗИЈА ПРОНАЈДЕНА НА ОСТРОВОТ КРК

    ХРВАТСКАТА ПОЛИЦИЈА ЕДНА НЕДЕЛА НЕ МОЖЕ ДА ГО УТВРДИ ИДЕНТИТЕТОТ НА ЖЕНАТА СО АМНЕЗИЈА ПРОНАЈДЕНА НА ОСТРОВОТ КРКЖената била пронајдена на тешко пристапен терен, без лични документи и мобилен телефон (Фото: АП)

    Хрватската полиција и натаму се обидува да го утврди идентитетот на жената со амнезија која беше пронајдена на островот Крк. Полицијата го пребарува теренот и интервјуира локални жители и туристи со цел да добие информации за жената која беше пронајдена на 13 септември.

    Таа не може да се сети како се вика и од каде е.

    „Примивме повеќе дојави од Хрватска и странство за идентитетот на жената кои се проверуваат и истражуваат“, кажа полицијата.

    Хрватските медиуми објавија дека жената комуницира на англиски јазик со британски акцент и дека локалните жители ја пронашле на тешко пристапен терен, во дел од островот каде што живеат мечки. Таа немала никакви лични документи, ниту мобилен телефон со себе.

    Полицијата објави фотографии од жената, која има околу 60 години. Нејзината здравствена состојба е добра и ќе им биде предадена на социјални работници.

    Случајот привлече и меѓународно внимание и полицијата од Крк вели дека им се јавуваат луѓе од цел свет, но засега немаат добиено корисна информација. Чешки туристи пријавиле во полиција дека ја сретнале жената во близина на Макарска, при што им рекла дека е од Словачка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира