ЧИФЛИГАНЕЦ ВЛЕГУВА ВО БИЗНИСОТ СО ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА, ЗА 9,3 МИЛИОНИ ЕВРА ЈА КУПИ ТОПЛИФИКАЦИЈА СКОПЈЕ  

    ЧИФЛИГАНЕЦ ВЛЕГУВА ВО БИЗНИСОТ СО ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА, ЗА 9,3 МИЛИОНИ ЕВРА ЈА КУПИ ТОПЛИФИКАЦИЈА СКОПЈЕ  На јавна лицитација, за 9,3 милиони евр, „Адора инженеринг“ ги купи Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација во стечај. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Фирмата „Адора инженеринг“ ја купи скопска Топлификација која е во стечај и влегува во бизнисот со производство на топлинска енергија. На јавна лицитација, за 9,3 милиони евра „Адора инженеринг“ ги купи Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација. Со оваа купопродажба, како што велат од компанијата, успешно се завршува стечајната постапка на ова претпријатие и се отвара ново светло, поглавје во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија.

    „Важен позитивен аспект од оваа зделка што ја одлучи судбината на досегашниот загубар Топлификација АД, е што регулираниот бизнис со производството на топлинската енергија ќе биде во рацете на сигурна компанија со целосно домашен капитал и менаџмент, за што деловната политика на ‘Адора’ заслужува поздравување. После студиозна физибилити студија сработена од врвни домашни експерти од полето на енергетиката, и повеќегодишни длабоки обсервации и согледувања на приликите во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, се одлучивме на овој храбар потег во времиња исполнети со огромна неизвесност и предизвици. Цената на природниот гас, којшто е главен влезен параметар во работењето, секојдневно руши нови рекорди, а регулираниот одреден принос на капитал од работењето е на историски најниско ниво. Веруваме дека со поддршка од успешно потврдената Регулаторна комисија за енергетика, од досегашниот, за жал ,загубар Топлификација АД ќе изградиме успешна домашна приказна во бизнисот со топлинската енергија“, вели сопственикот на „Адора инженеринг“ Душко Чифлиганец.

    Бизнисот со топлинска енергија ќе го води посебна фирма „Адора енерџи солушанс“, и менаџментот и раководството ќе биде целосно составено од домашни човечки ресурси, вели компанијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира