СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО ПОГОДИ КРИТ, ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА ОТКАКО СЕ УРНА ЦРКВА

    СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО ПОГОДИ КРИТ, ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА ОТКАКО СЕ УРНА ЦРКВАЦрквата во селото Аркалохори во која настрада еден маж (Фото: АП)

    Едно лице загина во земјотресот што утрово го погоди грчкиот остров Крит. Тој имал јачина од 5,8 степени според Рихтерова скала и сеизмолозите го опишаа како гром со силни пропратни земјотреси, од кои најсилниот бил од 4,6 степени.

    Полицијата соопшти дека еден маж загина во селото Аркалохори откако се урна дел од црквата во која што работел на реновирањето. Повредени се девет лица, а оштетени се бројни згради.

    „Се почувствува силно тресење што траеше неколку секунди“, изјави Василис Ламбринос, градоначалникот на Хераклион.

    Епицентар на земјотресот бил 23 километри северозападно од селото Арви, на длабочина од 10 километри. Претходни информации кажуваа дека имал магнитуда од 6,5, односно 6 степени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира