100-ГОДИШНАТА ПИВАРА СКОПЈЕ ОТВОРИ НОВИ ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ ЗА МЛАДИТЕ И НАЈАВИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА СЛЕДНИТЕ 100 ГОДИНИ

    100-ГОДИШНАТА ПИВАРА СКОПЈЕ ОТВОРИ НОВИ ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ ЗА МЛАДИТЕ И НАЈАВИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА СЛЕДНИТЕ 100 ГОДИНИ„Специјално точено за Зоран Заев“, прочита радосен премиерот кога ги доби спакуваните шише „скопско“ и „кока кола“. (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    Генералниот директор на Пивара Скопје Горан Сладиќ на отворањето на новите деловни простории во компанијата, во рамки на неодамнешната инвестиција од 13 милиони евра, рече дека тоа е воедно и најава за големите планови и вложувања во Пивара, за наредните 100 години.

    „Следната година ние ќе славиме 100 години од оснoвањето на Пивара Скопје, а по две години, 100-годишнина на нејзиниот најславен бренд ‘Скопско’. Ќе ги удвоиме инвестициите. Пред две години почнавме со инвестиција од 13 милиони евра, која е влог во нова технологија на производството, а ќе вложуваме и во заштитата на животната средина и во управување со отпадот“, рече Сладиќ.

    Новите модерни простории се пропратени со доброорганизирани програми за млади луѓе, да развијат креативност и иновации кај себе, што е и влог на Пивара во обезбедување идни квалитетни кадри што би си ги вработила кај себе. Преку програмите за млади, тие во новиот деловен простор ќе може да научат и како да отворат свој бизнис.

    Отворањето беше во присуство на амбасадорите на САД, Германија, Грција, Холандија…, како и на премиерот Зоран Заев кој од директорот Сладиќ доби подарок со посвета.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира