САД ја надминаа бројката од 700 илјади починати од ковид-19, 108 дена откако земјата достигна 600 илјади смртни случаи од вирусот, според податоците на Институтот Џон Хопкинс.
Оваа бројка доаѓа по уште еден силен бран на нови инфекции, хоспитализации и смртни случаи, предизвикани од делта сојот и главно погодени се невакцинирани луѓе.
Бројката значи дека САД имаат најмногу починати од ковид-19 во светот, додека на второто место е Бразил со 597 илјади починати, а Индија е трета со 448 илјади смртни случаи.