Ниту дождовите кои минатиот викенд паднаа на планината Јакупица, каде е изворот на реката Бабуна, не влијаеа водата да протече по нејзиниот долен тек. И натаму сушата не дозволува коритото да се наполни.
Глетката по пресушеното течение е жална. Наместо вода во коритото има само камења и смет од пластика кој неодговорни посетители го фрлиле по реката, додека таа течела.
Реката Бабуна два месеци е пресушена од Војнички мост, во дел од нејзиниот тек, кој е во должина од 65 километри.
Исто како реката Бабуна и реката Тополка извира од планината Јакупица, но по целото нејзино течение има вода. Тоа се должи што во горниот тек, близу селото Лисиче е изградена акумулација, со која се регулира водотекот.
П. ПЕЧКОВ