Американскиот претседател Џо Бајден го номинираше долгогодишниот дипломат и поранешен амбасадор на САД во Македонија Кристофер Хил да биде амбасадор во Србија.
Хил се повлече од надворешната политика во 2010 откако беше амбасадор во Ирак. Во богатата дипломатска кариера, тој помогна во преговорите за Дејтонскиот договор во 1995 година, со кој беше ставен крај на војната во БиХ, а беше и шеф на делегацијата на САД на преговорите со Северна Кореја да се откаже од нуклеарното оружје во 2003 година.
Хил беше амбасадор во Скопје од 1996 до 1999 година, a освен во Ирак, беше амбасадор и во Полска и Јужна Кореја. За време на администрацијата на Џорџ Буш беше назначен за заменик помошник на Државниот секретар за источноазиски и пацифички прашања.
Во моментов е професор на Универзитетот Колумбија за меѓународни и јавни работи.
За да биде назначен за амбасадор во Србија, номинацијата на Хил треба да биде потврдена во Сенатот.