БРИТАНСКИ ПРАТЕНИК ПОЧИНА ОТКАКО БЕШЕ ИЗБОДЕН ВО ЦРКВА НА СРЕДБА СО ГЛАСАЧИТЕ

    БРИТАНСКИ ПРАТЕНИК ПОЧИНА ОТКАКО БЕШЕ ИЗБОДЕН ВО ЦРКВА НА СРЕДБА СО ГЛАСАЧИТЕДејвид Ејмс беше угледен член на Конзервативната партија речиси четири децении и пратеник од 1983 (Фото: Гети)

    Британскиот пратеник од редовите на Конзервативната партија Дејвид Ејмс почина откако беше избоден на средбата со гласачите во својата изборна единица во Есекс. Полицијата кажа дека 25-годишник е уапсен во врска со нападот во црквата во Леј-он-Си, 62 километри источно од Лондон.

    Од него бил одземен нож и се испитува дали уште некој е поврзан со нападот. Сер Дејвид Ејмс беше угледен член на Конзервативната партија речиси четири децении и пратеник од 1983 година. Кралицата Елизабета Втора му ја додели витешката титула сер во 2015.

    „Голем човек, голем пријател, одличен пратеник беше убиен додека ја исполнуваше својата демократска улога“, изјави министерот за здравство Саџид Џавид.

    Ејмс, кој во парламентот го претставуваше Саутенд Вест, беше на средба со своите гласачи во Методистичката црква. Полицијата кажа дека тој примил лекарска помош на самото место, но набргу бил прогласен за мртов.

    Тој е вториот убиен британски пратеник во изминатите пет години. Во 2016, лабуристката Џо Кокс беше убиена исто така по средба со гласачите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира