60 ИЛЈАДИ НЕВАЖЕЧКИ ЛИВЧИЊА, ЗА ТРЕТИНА ПОВЕЌЕ ОД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО 2017 ГОДИНА

    60 ИЛЈАДИ НЕВАЖЕЧКИ ЛИВЧИЊА, ЗА ТРЕТИНА ПОВЕЌЕ ОД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО 2017 ГОДИНАОд гласањето за првиот круг од локалните избори во скопската Општина Центар, каде што бројот на неважечки ливчиња порасна од 1.118 на 1.254 за четири години. (Фото: СДК.МК)

    На локалните избори завчера имаше 60.753 неважечки ливчиња, што е за една третина повеќе од локалните избори во 2017 година, кога имаше 45.551 неважечки ливчиња. Станува збор за неважечки ливчиња од првиот круг за избори за градоначалници во 80-те општини, плус Град Скопје.

    Најмногу неважечки ливчиња во 2021 година има во Град Скопје – 15.929, што е зголемување за 4.500 во однос на претходните локални избори.

    Зголемување има и во Битола, каде што бројот на неважечки ливчиња за четири години порасна од 2.063 на 2.659. Од поголемите општини, процентуално најголем раст на бројот на неважечки ливчиња има во Кавадарци, каде што пред четири години имаше 455, а сега 1.126.

    Во Струга има зголемување на неважечките ливчиња од 939 на 1.305, а во Струмица од 871 на 1.228. Зголемување на неважечките ливчиња има и во Чаир, од 1.610 на 1.859, како и во Центар, од 1.118 на 1.254. Во Охрид, бројот на неважечки ливчиња порасна од 1.273 на 1.412, додека во Бутел од 905 на 1.229.

    Намалување има во скопските општини Аеродром, Кисела Вода и Карпош, како и во Куманово. Во Аеродром, бројот на неважечки ливчиња спадна од 1.955 пред четири години на 1.406 сега, во Карпош од 1.991 на 1.504 и во Кисела Вода од 1.751 на 1.201.

    МИРОСЛАВ ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира