МИЦКОСКИ ПОВИКА НА ЗДРУЖЕНА ОПОЗИЦИЈА НА ЛЕВИ, ЦЕНТАР И ДЕСНИ ЗА РУШЕЊЕ НА ЗАЕВ

    МИЦКОСКИ ПОВИКА НА ЗДРУЖЕНА ОПОЗИЦИЈА НА ЛЕВИ, ЦЕНТАР И ДЕСНИ ЗА РУШЕЊЕ НА ЗАЕВМицкоски ги повика граѓаните да излезат во што е можно поголема бројка во вториот круг на изборите на 31 октомври. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека резултатите од првиот круг на локалните избори покажуваат дека има сериозно антивладино расположение и незадоволство од власта. Мицкоски повика на здружена опозиција на леви, центар и десни, со цел рушење на владата на Зоран Заев.

    „Повикувам на здружена опозиција. Заеднички до целта за подобра и нова иднина. Секоја наша разлика во опозицијата е помала од заедничката цел да ја собориме оваа власт за да Македонија оди напред со сите луѓе. Здружена опозиција на леви, центар и десни, со една мисија рушење на оваа Влада. Подавам рака за обединување и здружена опозиција, а тоа и го бара народот на овие избори“, изјави Мицкоски на денешната прес-конференција, на која ги повика граѓаните да излезат во што е можно поголема бројка во вториот круг на изборите на 31 октомври.

    ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од локалните избори освои 22 градоначалнички места, а СДСМ 9.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира