Државна лотарија најави бонус игра за играчите на Лото 7 и Џокер кои своите среќни броеви ги уплаќаат преку веб страницата loto.mk.
Можноста за учество трае заклучно со 12 март в година. Во текот на овој период, секоја седмица во лото емисијата ќе се извлекува еден од онлајн учесниците, кој ќе биде поканет да биде специјален гостин во телевизиското студио на Лото 7. Гостинот во живо ќе врти тркало на среќата со можност да освои добивка од 50.000, 100.000 или 150.000 денари. Согласно правилата на бонус играта, гостинот не може да си замине дома без добивка или со добивка помала од 50.000 денари.
Право на учество во бонус играта има секое полнолетно лице кое во периодот на нејзиното времетраење ќе изврши уплата за Лото 7 и Џокер преку loto.mk (по претходна регистрација). Од базата на податоци, секоја среда, почнувајќи од 27 октомври, ќе се извлекува по еден од онлајн учесниците кој своите броеви ги уплатил во периодот од среда во 19:01 часот до следната среда до 19 часот. Едно неделно коло на бонус играта опфаќа две кола Лото 7/Џокер.
За учество во бонус играта доволна е и една онлајн уплата во текот на една седмица, а едно лице не може да добие различни ID-броеви доколку повеќе пати учествува. Државна лотарија ќе го реализира извлекувањето по електронски пат, со помош на генератор за случаен избор на броеви и во присуство на комисија.