МАЖ ПОЧИНА ОТКАКО БИЛ ПРОБОДЕН ОД БИК НА УЛИЧНА ТРКА ВО ШПАНИЈА

    МАЖ ПОЧИНА ОТКАКО БИЛ ПРОБОДЕН ОД БИК НА УЛИЧНА ТРКА ВО ШПАНИЈАНа трката во Памплона досега загинаа 16 учесници (Фото: Гети)

    Педесет и петгодишен маж почина откако бил прободен на улична трка со бикови во шпанскиот град Онда. Тој бил нападнат од еден од биковите на фестивалот Фира де Онда, при што се здобил со повреда на главата и му била исечена артерија во левиот бут. Тој починал во болница во соседниот град Виљареал.

    Властите на Онда кажаа дека по несреќата ги откажале останатите трки со бикови, но не и целиот фестивал.

    Тоа е прв смртен случај на вакви фестивали во Шпанија откако тие повторно почнаа да се одржуваат ова лето. По несреќата, во Шпанија повторно се отвори дебата дали вакви трки треба да бидат укинати.

    Најпознатата улична трка со бикови е онаа во Памплона, каде што 16 учесници загинале од 1910 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира