БЛАГОДАРНОСТ ЗА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ И АПАСИЕВ, КАЖА МИЦКОСКИ И НАЈАВИ ПОБЕДА НА ИДНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

    БЛАГОДАРНОСТ ЗА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ И АПАСИЕВ, КАЖА МИЦКОСКИ И НАЈАВИ ПОБЕДА НА ИДНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИМицкоски рече дека широк опозициски фронт ќе победи на идните парламентарни избори, кои, според него, многу веројатно ќе бидат предвремени. (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се заблагодари на Алијансата за Албанците и на Левица на Димитар Апасиев, во победничкиот говор по денешниот втор круг на локалните избори.

    Мицкоски рече дека сите заедно срушиле бариери и докажале дека е можен широк опозициски фронт, кој ќе победи на идните парламентарни избори, кои, според него, многу веројатно ќе бидат предвремени.

    „Македонијо, од вечерва почнуваш да го живееш нашиот сон за нова иднина. Надежта победи. Македонија мора да се менува, а промените почнуваат од вечерва. Од Скопје до Гевгелија, ова е денот кога почнуваат промените, промени кон подобро, промени за подобар имиџ на државата, промени за подобар живот и подобар стандард
    Ова е победа на народот на Македонија. Благодарност за Алијанса за Албанците, благодарност за Левица на Димитар Апасиев, затоа што сите заедно срушивме бариери, докажавме дека е еден широк опозициски фронт е возможен и поставивме основи за идна коалиција. Покажавме дека можеме да се обединиме околу заедничка цел. Опозициски блок е извесен и тој ќе донесе победа на идните парламентарни избори, кои многу веројатно е да бидат предвремени. Благодарност и до коалицијата ЛДП/Дом кои им оставија на граѓаните по слободна волја да изберат за кого ќе гласаат“, изјави Мицкоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира