НА ОТВОРАЊЕТО НА ОФИЦЕРСКИ ДОМ ВО БИТОЛА СЕ СЛУЖИ ТИКВАРНИК, ЗА ИНАЕТ НА ОПОЗИЦИЈАТА ШТО ЈА НАРЕКУВАШЕ ПЕТРОВСКА ТИКВАРКА

    НА ОТВОРАЊЕТО НА ОФИЦЕРСКИ ДОМ ВО БИТОЛА СЕ СЛУЖИ ТИКВАРНИК, ЗА ИНАЕТ НА ОПОЗИЦИЈАТА ШТО ЈА НАРЕКУВАШЕ ПЕТРОВСКА ТИКВАРКАКако градоначалничка, Наташа Петровска вети дека ќе го обнови Офицерски, а кога тогашната опозиција рече дека не работи и дека на Фејсбук ги слика тиквите во дворот, кажа дека на отворањето ќе чести тикварник. (Фото: СДК.МК)

    Во пресрет на  77-годишнината од ослободувањето на Битола вечерва и свечено е отворен реставрираниот Офицерски дом. Во обновената концертна сала се одржува прославата по повод 4 ноември, а на коктелот се служи тикварник.

    Градоначалничката во заминување Наташа Петровска, уште пред неколку години вети дека ќе го обнови руинираниот дом, а на критиките на тогашната опозиција дека не работи и дека на Фејсбук ги слика тиквите во дворот, им возврати дека Офицерски ќе го биде и дека на отворањето ќе чести тикварник. Вечерва на коктелот има само тикварник и пијалок. Но, ги нема политичарите од опозицијата кои ја критикуваа.

    На одбележувањето, покрај Петровска присуствуваше и новиот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Тони Коњановски. (Фото: СДК.МК)

    На одбележувањето, покрај Петровска присуствуваше и новиот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Тони Коњановски. Програмата започна со видеоматеријал за постигнувањата на Петровска во 4-годишниот мандат. Но, од функционерите на СДСМ во Битола присуствуваа малкумина.

    Петровска раче дека е тешко да си градоначалник во претходно искомпромитирано политички општество, особено не е лесно ако си жена во држава која сè уште се бори за родов баланс.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира