РУСКИ ДИПЛОМАТ ПРОНАЈДЕН МРТОВ ПРЕД АМБАСАДАТА ВО БЕРЛИН, ИНЦИДЕНТОТ СЕ КРИЕЛ НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ

    РУСКИ ДИПЛОМАТ ПРОНАЈДЕН МРТОВ ПРЕД АМБАСАДАТА ВО БЕРЛИН, ИНЦИДЕНТОТ СЕ КРИЕЛ НЕКОЛКУ НЕДЕЛИТелото било пронајдено на плочникот пред зградата на 19 октомври (Фото: Гети)

    Руски дипломат бил пронајден мртов пред руската амбасада во Берлин минатиот месец, објави „Дер Шпигел“. Неговото тело било откриено на плочникот на 19 октомври од полицајците кои го обезбедуваат објектот и наводно паднал од погорните катови, но нејасно е како.

    Германското министерство за надворешни работи ја потврди смртта на дипломатот, но не даде други детали. Берлинската полиција јавно не го коментираше случајот, за кој се дозна дури денеска.

    Според „Дер Шпигел“, од амбасадата рекле дека станува збор за трагична несреќа, за која нема натаму да се огласуваат од етички причини. Името на починатиот не е објавено, а според некои извештаи, станува збор за 35-годишник кој бил втор секретар во амбасадата.

    Истражувачкиот сајт „Белингкет“ објави дека утврдил дека починатиот маж бил син на заменик директорот на Втората служба на руската разузнавачка агенција ФСБ. Втората служба се поврзуваше со убиството на бившиот командант на чеченските бунтовници Зелимкан Хангошвили, кој беше застрелан во парк во Берлин во 2019, како и со труењето на Алексеј Навални.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира