ИМАМЕ НОВО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО, ВЕЛИ МИЦКОСКИ

    ИМАМЕ НОВО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО, ВЕЛИ МИЦКОСКИМицкоски со Со сопартиецот Николовски, Хоџа од Беса, Апасиев од Левица, Таравари и Снопче од Алијанса за Албанците и Гаши од Алтернатива. (Фото: Фејсбук)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред малку објави дека има ново парламентарно мнозинство, објавувајќи фотографија на Фејсбук заедно со неговиот сопартиец Александар Николовски, Арјанит Хоџа од Беса, Димитар Апасиев од Левица, Арбен Таравари и Халил Снопче од Алијанса за Албанците и Африм Гаши од Алтернатива.

    „Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

    Претходно денеска, министерот за земјоделие, Арјанит Хоџа од Беса, кажа дека тој нема да веќе да учестува во влада со ДУИ. Беса има тројца пратеници во Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира