ПУСТИНАТА ВО ЧИЛЕ Е ДЕПОНИЈА ЗА НЕПРОДАДЕНА ОБЛЕКА ОД ЦЕЛ СВЕТ, СЕКОЈА ГОДИНА СЕ УВЕЗУВААТ 59.000 ТОНИ АЛИШТА

    ПУСТИНАТА ВО ЧИЛЕ Е ДЕПОНИЈА ЗА НЕПРОДАДЕНА ОБЛЕКА ОД ЦЕЛ СВЕТ, СЕКОЈА ГОДИНА СЕ УВЕЗУВААТ 59.000 ТОНИ АЛИШТАНајмалку 39.000 тони облека се фрлаат во пустината Атакама секоја година (Фото: АФП)

    Планина од фрлена облека, меѓу кои и божиќни џемпери и скијачки чизми, остава чудна глетка среде пустината Атакама во Чиле, кое страда од загадувањето предизвикано од брза мода.

    Чиле долго време е светски центар на носена и непродадена облека, произведена во Кина или Бангладеш. Таа поминува низ Европа, Азија и САД пред да пристигне во Чиле, од каде што се препродава низ цела Јужна Америка.

    Сиромашните жители од регионот пребаруваат по депонијата со цел да најдат нешто за нив или за продажба (Фото: АФП)

    Чиле, најбогатата држава во Јужна Америка, е позната по незаситниот конзумеризам на неговите жители.

    Околу 59.000 тони облека доаѓаат секоја година во пристаништето Икике во бесцаринската зона Алто Хосписио во северно Чиле. Дел од неа купуваат трговците од Сантјаго или се шверца низ Јужна Америка, но најмалку 39.000 тони на крајот завршуваат на депониите во пустината.

    „Оваа облека доаѓа од цел свет. Она што нема да се продаде останува во бесцаринската зона. Проблемот е што облеката не е биоразградлива и има хемиски состојки, па не може да се фрла на општински депонии“, вели Френклин Сепеда, сопственикот на „ЕкоФибра“, компанија која произведува изолациски панели од фрлена облека.

    Облеката доаѓа од цел свет (Фото: АФП)

    Според извештај на Обединетите нации од 2019, глобалната модна индустрија била одговорна за 20% од вкупните отпадни води на светот од 2000 до 2014 година. За да се произведе еден пар фармерки потребни се 7.500 литри вода. Исто така, таа создава 8% од стакленичките гасови. На облеката ѝ требаат 200 години да се разгради и е отровна за околината исто како фрлена пластика и гума.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира