ПРЕТХОДНИЦИТЕ НА ТРАМП: МИЛИЈАРДЕРИ КОИ СТАНАА ПОЛИТИЧАРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Вашингтон,(АП)

    ПРЕТХОДНИЦИТЕ НА ТРАМП: МИЛИЈАРДЕРИ КОИ СТАНАА ПОЛИТИЧАРИ

    Ако Доналд Трамп ја освои Белата Куќа во вторник ќе стане првиот бизнисмен милијардер во Америка што ќе стане претседател и ќе ги следи стапките на други магнати низ светот кои исто така „скокнаа“ во политиката.

    Животното патештествие на овие бизнисмени претворени во политички лидери е збунувачко. Некои од нив ги искористија своите приватни сектори за успех во владата. Други, пак, имаа мандати полни со скандал, па дури и со пуч.

    Американците избирале претседатели со искуство во бизнисот и во минатото како на пример, Џорџ Буш, кој беше на чело на нафтена компанија и Херберт Хувер, извршен директор во рударството. Меѓутоа, сите овие претседатели влегоа во политика уште пред да се кандидираат за највисоката фунција на државата. Трамп би бил првиот американски претседател кој никогаш порано не бил на избрaна функција или на друга висока функција во владата или во армијата.

    Овој магнат на недвижности одамна ја промовираше својата бизнис позадина како продажна точка за гласачите фрустрирани со политичари кариеристи.

    „Во Вашингтон ни требаат луѓе кои знаат како се прави договор“, вели Трамп.

    Еве еден поглед врз некои од милијардерите кои што преминаа од бизнисот во политиката:

    СИЛВИО БЕРЛУСКОНИ, ИТАЛИЈА

    Берлускони беше главен лик на италијанската политика две децении, но неговото време во кабинетот често беше поврзано со скандали.

    Берлускони беше главен лик на италијанската политика две децении, но неговото време во кабинетот често беше поврзано со скандали.

    Трамп го споредувале со дрскиот Берлускони италјанскиот премиер во три мандати, повеќе од со било кој друг светски лидер.

    И двајцата се контроверзни и сакаат да се фалат со нивниот раскошен начин на живеење. Ја започнаа нивната кариера во недвижниот имот, но нивната репутација ја изградија во светот на медиумите. Берлускони направи богатство купувајќи телевизиски станици и Трамп стана главен лик по таблоидите на Њујорк и реалните шоуа.  

    За Трамп, тука е најверојатно каде би завршувале спордебите.  

    Берлускони беше главен лик на италијанската политика две децении, но неговото време во кабинетот често беше поврзано со скандали. Беше осуден за бројни кривични дела, вклучувајќи даночни измами и сексуални односи со малолетна проститутка, иако второто осудување беше поништено од страна на Апелациониот суд.

    ПЕТРО ПОРОШЕНКО, УКРАИНА

    Транзицијата на Порошенко од бизнисмен на политички лидер има предупредувачки знаци за финансиска иднина на Трамп, бидејќи нето вредноста на богатството на украинскиот лидер по преземањето на функцијата значително се намали.

    Транзицијата на Порошенко од бизнисмен на политички лидер има предупредувачки знаци за финансиска иднина на Трамп, бидејќи нето вредноста на богатството на украинскиот лидер по преземањето на функцијата значително се намали.

    Познат по името „Кралот на чоколадото”, Порошенко го направи своето богатство во кондиторската индустрија. Сега тој е клучен западен партнер во обидот за решавање на жестокиот судир помеѓу Украина и Русија.

    Порошенко беше избран за претседател во 2014 година, по народното востание, кое доведе до соборувањето на Украинскиот проруски лидер. Бизнисменот милијардер се постави како пријател на Европа и САД, редовно зборува и се среќава со претседателот Барак Обама и потпретседателот Џо Бајден.

    Меѓутоа, мандатот на Порошенко се совпадна со растечките руски интервенции во Украина, особено во делот на заедничката граница на земјата. На Украина, САД и испрати десетици милиони долари несмртоносна помош, а Обама ги одби повиците да се испрати смртоносна помош.

    Не е доволно јасно каков вид на поддршка би имал Порошенко од САД под потенцијалната администрација на Трамп. Трамп зборувал позитивно за рускиот претседател Владимир Путин и изјавил дека ќе „гледа“ дали да го признае Крим, украинската област одземена од Москва како руска територија.

    Исто така, транзицијата на Порошенко од бизнисмен на политички лидер, има предупредувачки знаци за финансиска иднина на Трамп, бидејќи нето вредноста на богатството на украинскиот лидер по преземањето на функцијата значително се намали.  

    ТАКСИН ШИНАВАТРА, ТАЈЛАНД

    Богатството на Таксин придонесе за неговата политичка пропаст.

    Богатството на Таксин придонесе за неговата политичка пропаст.

    Телекомуникациски милијардер, Таксин беше премиер на Тајланд до времето кога беше соборен со пуч во 2006.

    За време на неговиот мандат, Таксин влечеше поддршка од посиромашните гласачи кои го поддржаа во неговите популистички програми.

    Но, богатството на Таксин придонесе за неговата политичка пропаст. Тој се соочи со обвиненија за корупција откога неговото семејство продаде компанија за 1,9 милијарди долари за да избегнат плаќање на данок на продажба што резултираше со година политички немири во Тајланд и заврши со пуч.

    Иако Таксин е во егзил за неколку години, тој останува вклучен во државната политика.  Претходно оваа година, тој го искажа својот став за американските избори, изјавувајќи дека постојат „некои сличности” меѓу него и Трамп.

    „Културите се многу слични, а тоа е културата на бизнисмени”, изјави Таксин за Фајненшл тајмс. „А тогаш кога успешни бизнисмени доаѓаат  во политиката, тие им даваат свеж воздух на политичките кампањи.”

    СЕБАСТИЈАН ПИЊЕРА, ЧИЛЕ

    Чиле имаше солиден економски раст во текот на четиригодишниот мандат на Пињера, но самиот претседател беше непопуларен

    Чиле имаше солиден економски раст во текот на четиригодишниот мандат на Пињера, но самиот претседател беше непопуларен

    Финансиската империја на Пињера  допре бројни делови од чилеанското општество. Тој имаше акции во најголемата државна авиокомпанија, телевизиска станица и популарниот фудбалски тим Коло-Коло.

    Свртувајќи се кон политиката, Пињера имаше кампања за неговото искуство во приватниот сектор и стана првиот конзервативец кој го водеше Чиле откако заврши воената власт во 1990 година. Меѓутоа, неговото претседателство започна со несреќен почеток – голем земјотрес ја спрече неговата инаугурација во 2010 година.

    Чиле имаше солиден економски раст во текот на четиригодишниот мандат на Пињера, но самиот претседател беше непопуларен. Уставот на Чиле им забранува на претседателите два последователни мандати, па Пињера има право да се кандидира повторно во 2018 година.

    Пињера немаше срам да дава изјави за изборите САД, правејќи остри критики на Трамп. За време на неговиот настап во Њујорк минатата есен, тој изјави дека републиканецот  ќе биде лидер кој што ќе разделува и дека неговиот избор ќе биде „трагедија”.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира