Бордел во Виена нуди вакцинирање против ковид-19, а оние што ќе прифатат, добиваат и ваучер за бесплатна посета. „Фан паласт“ се надева дека ќе помогне да се зголеми стапката на вакцинирање во земјата, но и бројот на клиентите, што значително се намали во пандемијата.
Како награда за вакцинирањето, посетителите добиваат бесплатна 30-минутна сесија во сауна клуб со дама по нивни избор.
Австрија ја има една од најлошите стапки на вакцинирање во западна Европа, поради што владата воведе построги рестрикции. Околу 64% од австриското население е целосно вакцинирано, а на невакцинираните им е забранет влез во ресторани, кафулиња и фризерски салони.
Во саботата, Австрија регистрираше 9.943 нови случаи на коронавирус, најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата.
„Поради пандемијата имаме пад на посети од 50% и со оваа иницијатива се надеваме дека бројот повторно ќе се зголеми. Во статистиките забележав дека многумина мажи со мигрантско потекло одбиваат да се вакцинираат или не знаат дека можат да се вакцинираат. И бидејќи тие се нашата целна група, одлучивме да поставиме пункт за вакцинирање кај нас“, изјави менаџерот на „Фан паласт“, Петер Ласкарис.