ДЕВЕТГОДИШНО МОМЧЕ Е 10. И НАЈМЛАДА ЖРТВА НА СТАМПЕДОТО НА МУЗИЧКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ХЈУСТОН

    ДЕВЕТГОДИШНО МОМЧЕ Е 10. И НАЈМЛАДА ЖРТВА НА СТАМПЕДОТО НА МУЗИЧКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ХЈУСТОНЕзра Блаунт снимен на влезот на фестивалот „Астроврлд“ (Фото: АП)

    Деветгодишно момче им подлегна на повредите десетина дена по стампедото на музичкиот фестивал „Астроврлд“ во Хјустон, со што бројот на загинати порасна на десет. Езра Блаунт бил приклучен на апарати за одржување во живот од 5 октомври поради сериозните повреди на главата и внатрешните органи.

    Тој е најмладата жртва на паничното стампедо што се случи за време на настапот на раперот Тревис Скот, додека стотици беа повредени.

    Адвокатите кои застапуваат повеќе од 200 посетители на фестивалот кажаа дека се поднесени дополнителни 90 тужби против организаторите.

    „Смртта на Езра е ужасно трагична. Тоа не би требало да се случува кога го носите вашиот син на концерт“, изјави адвокатот Бен Крамп.

    Жртвите на фестивалот имаа од девет до 27 години и осуммина од нив починаа на самото место. На фестивалот што Скот го основал пред три години имало 50.000 луѓе. Тој продолжил да пее уште 40 минути откако дошло до стампедото.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира