Партијата Преродба, која на вчерашните парламентарни избори во Бугарија освои околу 5 отсто од гласовите и најверојатно ќе има 13 пратеници во бугарскиот парламент, се залага за укинување на сите мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, вклучувајќи ги и сертификатите за вакцинација, а бара и референдум за излегување на Бугарија од Европската унија.
Лидерот на партијата Костадин Костадинов, поранешен член на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, вели дека Бугарија треба да излезе од НАТО и одново да преговара за условите за членство во ЕУ, а ако тоа не се случи, треба да има референдум за напуштање на ЕУ.
Тој побара укинување на сите мерки за борба против коронавирусот, вклучувајќи ги вакциналните сертификати и, како што вели тој, насилната вакцинација.
„Треба да почнеме да живееме нормален живот, како до пред година и пол“, вели Костадинов и додава дека овие барања ќе бидат предуслов за неговата партија да учествува во преговорите за составување влада.
- НОВАТА ПАРТИЈА ПП ПОБЕДИ НА ТРЕТИТЕ ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА ГОДИНАВА, БОРИСОВ ВТОР, КАРАКАЧАНОВ ПАДНА НА 1%
- ОКОЛУ 650 БУГАРИ ГЛАСАА ВО МАКЕДОНИЈА, БОРИСОВ И КАРАКАЧАНОВ ОСТАНУВААТ НАЈПОПУЛАРНИ
Костадинов, кој беше и претседателски кандидат, смета дека по овие избори ќе има политичка влада, по два неуспешни обиди по изборите во април и јули.
„Јас сметам дека влада ќе има, затоа што таква е желбата на Американската амбасада, која што управува со политичките процеси кај нас. Но, таа влада нема да биде стабилна“, вели Костадинов.