ГЕРМАНСКИТЕ ВЛАСТИ ГО ОДЛОЖИЈА ОДОБРУВАЊЕТО НА ГАСОВОДОТ СО РУСИЈА „СЕВЕРЕН ТЕК 2“

    ГЕРМАНСКИТЕ ВЛАСТИ ГО ОДЛОЖИЈА ОДОБРУВАЊЕТО НА ГАСОВОДОТ СО РУСИЈА „СЕВЕРЕН ТЕК 2“Изградбата на гасоводот заврши и тој веќе е наполнет со гас

    Германската федерална регулаторна агенција ја суспендираше процедурата за одобрување на контроверзниот гасовод „Северен тек 2“, преку кој руски гас треба да доаѓа во Германија и Европа.

    Иако изградбата на гасоводот заврши и тој веќе е наполнет со гас, испораката зависи од одобрувањето на проектот од регулаторите. Во услови кога зимата се доближува и се зголемува побарувачката на гас, немањето одобрение ги заострува тензиите помеѓу Германија и Русија.

    Регулаторната агенција денеска објави дека не може да го одобри „Северен тек 2“ како независен оператор бидејќи седиштето на компанијата е во Швајцарија, а не Германија.

    „Подружницата формирана да управува со германскиот дел на гасоводот не ги исполнува условите да биде независен оператор за пренос“, соопшти агенцијата.

    Одобрувањето од регулаторната агенција не е ниту последниот чекор. Таа потоа мора да испрати извештај во Европската комисија за да добие мислење дали е сè во согласност со законодавството на ЕУ, што би можело да потрае и четири месеци.

    Гасоводот, на кој се противеа САД и источноевропските земји, беше довршен во септември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира