ЗА 16,1 ОТСТО НАМАЛЕНА СМРТНОСТА КАЈ ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНИТЕ БЕБИЊА ЗА 5 ГОДИНИ

    ЗА 16,1 ОТСТО НАМАЛЕНА СМРТНОСТА КАЈ ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНИТЕ БЕБИЊА ЗА 5 ГОДИНИСветскиот ден на предвреме родените бебиња денеска со настан на Плоштадот Македонија го одбележаа директорката на Клиниката за детски болести, д-р Аспазија Софијанова, министерот за здравство Венко Филипче и директорката на ГАК, д-р Викторија Јовановска. (Фото: Принтскрин од видео)

    Смртноста кај предвреме родените бебиња во земјава за пет години е намалена од 26 на 8 отсто, вели Министерството за здравство во чест на денот на предвреме родените бебиња,  додавајќи дека постои тенденција овој процент и понатаму да паѓа. Поконкретно, смртноста во 2016 била 25 отсто, а во 2021 е 8,9, што значи намалена е за 16,1 отсто.

    Во изминатиот период набавени се 15 модерни инкубатори, кои недостасувале на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје, како и повеќе апарати, апарати и опрема, како микроскопи, системи за деминерализација, респираторни машини, подвижни протокомери за кислород.

    Извор: Министерство за здравство

    „Оваа опрема беше нужна да се спасат што е можно повеќе млади животи“, велат од кабинетот на министерот за здравство Венко Филипче.

    Министерството апелира дека превенцијата, навремените прегледи и грижата за сопственото здравје на трудниците се клучот за стабилна бременост и зачувување на здравјето на бебињата.

    Светскиот ден на предвреме родените бебиња денеска со настан на Плоштадот Македонија во Скопје го одбележаа министерот за здравство Венко Филипче, директорката на ГАК, д-р Викторија Јовановска и директорката на Клиниката за детски болести, д-р Аспазија Софијанова.

    Најмалото бебе кое лежи во моментов на Детска клиника е родено во 24. гестациска недела, и тежи 480 грама.

    Во однос на тоа дали предвреме родените бебиња имаат потешкотии во понатамошниот развој, д-р Софијанова рече: „ За среќа, досега 25 отсто од нив имаат потешкотии и тој период на созраевњед до 3 година го прават успешно, благодарение на тимот кој работи со нив и им укажува на раните моменти кои можеби ќе значат дека нешто ќе треба да се дополнително стимулира или дополнително да се поработи со нив. Што се однесува за останатите 75 отсто, особено со новите техники за механичка вентилација, многу полесно дозреваат нивните органи, а и не ги ошттуваат, што значи успехот и во тој дел е многу поголем“.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира