РИСТО ЈОШЕВ ОД ПОДЕМ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РОСОМАН, ГО ПОДДРЖАА СДСМ И ЛЕВИЦА, ВМРО-ДПМНЕ ЧЕСТИТАШЕ ЗА НОВАТА КОАЛИЦИЈА

    РИСТО ЈОШЕВ ОД ПОДЕМ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РОСОМАН, ГО ПОДДРЖАА СДСМ И ЛЕВИЦА, ВМРО-ДПМНЕ ЧЕСТИТАШЕ ЗА НОВАТА КОАЛИЦИЈАГрадоначалник на Росоман е Стојан Николов од СДСМ, а во вториот круг за избор, општината имаше најголем излезност во земјава со 82 отсто. (Фото: СДК.МК)

    За претседател на Советот на Општина Росоман е избран Ристо Јошев, од партијата ПОДЕМ. За неговиот избор тој доби поддршка од СДСМ и од Левица или вкупно пет гласови, со што собра за еден повеќе од противкандидатот Јованчо Јошев од ВМРО-ДПМНЕ, кој имаше четири.

    „Честитам за новата коалиција во нашата општина и изразувам жалење што СДСМ не предложи свој кандидат за претседател на Совет“, кажа Јованчо Јошев.

    Советот на Општина Росоман брои девет членови.

    „Се надевам и очекувам дека ова ќе бидат најдобрите четири години во работата на Општина Росоман и ќе не памтат по делата дека нешто сме направиле, во интерес на граѓаните“ – рече Ристо Јошев.

    Градоначалник на Росоман е Стојан Николов од СДСМ, а во вториот круг за избор, општината имаше најголем излезност во земјава со 82 отсто.

    П. ПЕЧКОВ

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира