НАД 75 ОТСТО ОД НАСТАВНИЦИТЕ СЕ ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ КОВИД-19, ВЕЛИ ЦАРОВСКА

    НАД 75 ОТСТО ОД НАСТАВНИЦИТЕ СЕ ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ КОВИД-19, ВЕЛИ ЦАРОВСКАЦаровска вели дека отворените училишта се во најдобар интерес на учениците. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Над 75 отсто од наставниците во образованието се вакцинирани против ковид-19, што укажува на двојно поголем процент од националниот просек. Процентот на нови позитивни и активни случаи е под 1 процент, под контрола е и стабилен, рече денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

    Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

    „Мислам дека таа одговорност што ја носат со себе дека се во служба на граѓаните ги мотивира да бидат вакцинирани. Од почетокот на учебната година до денеска не надминавме 0,3 проценти активни случаи, а на дневно ниво не надминавме 0,03. Се движи од 0,01. до 0,03 и укажува на стабилност“, кажа министерката на настан  на Министерството за образование и наука (МОН) во Клубот на пратеници.

    Царовска го повтори ставот дека отворените училишта се во најдобар интерес на учениците, и дека за да се промени моделот на настава, треба да се покаже дека состојбата со ковид во училиштата се влошува.

    „Училиштата треба да  функционираат и се отворени и во најстрашните кризи во светот. Остануваме на овој модел, и за сѐ се консултираме со Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство“, рече таа.

    На новинарско прашање дали очекува да остане на функцијата, по најавената реконструкција на Владата, Царовска одговори дека сѐ додека е во мандатот доверен од премиерот, ќе ги извршува дневно активностите, имплементирајќи ги сите започнати реформи, како и дека мандаторот носи одлуки во интерес на граѓаните.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира