МАКЕДОНЦИТЕ КОИ САКААТ ДА ПРИМАТ ТРЕТА ДОЗА КОВИД ВАКЦИНА ВО ВРАЊЕ, МОЖЕ ДА ГО ИЗБЕРАТ ПРОИЗВОДИТЕЛОТ

    МАКЕДОНЦИТЕ КОИ САКААТ ДА ПРИМАТ ТРЕТА ДОЗА КОВИД ВАКЦИНА ВО ВРАЊЕ, МОЖЕ ДА ГО ИЗБЕРАТ ПРОИЗВОДИТЕЛОТМакедонските власти сѐ уште ги немаат добиено списоците од Србија колку граѓани се вакцинирани. Најголем дел од нив беа за вакцини во Белград и Ниш.(Фото: СДК.МК)

    Македонците кои сакаат да примат трета бустер доза на вакцина против ковид-19 во Врање, може да бираат од кој производител сакаат, јави дописникот од Белград за Државната агенција МИА.

    Од вчера е одобрено давање трета бустер доза вакцина за граѓаните на Северна Македонија, соопштил Здравствениот центар Врање, додавајќи дека се остава можност лицето кое ќе се вакцинира да го избере типот на вакцината што ќе ја прими како бустер доза. Ако вакцината на „спутник“ се применува како бустер доза, тогаш се дава првата компонента од споменатата вакцина.

    „Вакцинацијата ќе се врши согласно важечките епидемиолошки мерки против ковид-19. Исто така, потсетуваме дека сите граѓани заинтересирани да ја примат вакцината ‘Модерна’ можат да се обратат во главниот пункт за вакцинација на ЗЦ Врање, за да бидат евидентирани (име, презиме, контакт и дали е во прашање прва или трета доза), додаваат од Здравствениот центар Врање.

    Сите тие ќе бидат дополнително известени за примање на вакцината, согласно важечките правила за вакцинација со вакцината „Модерна”.

    Бустер дозата на вакцината против ковид-19 во Србија се дава на сите лица кај кои е завршена примарната вакцинација и тоа: најмалку пет месеци по втората доза, кај лица кои претходно примиле две дози мРНК („Фајзер-Бионтек) или векторска вакцина („спутник“, „АстраЗенека“), најмалку четири месеци по втората доза, кај лица кои претходно примиле две дози инактивирана вакцина „Синофарм“, најмалку пет месеци од давањето на дополнителната, трета доза, кај лица со примарни и секундарни имуноинсукции (лица кои најмалку 28 дена од втората доза примиле мРНК вакцина, како дополнителна, трета доза).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира