ВЛАСТА МИ ВРШИ ПОЛИТИЧКИ ПРИТИСОК, ВО ОПШТИНАТА ДОЈДЕ ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КАСАМИ

    ВЛАСТА МИ ВРШИ ПОЛИТИЧКИ ПРИТИСОК, ВО ОПШТИНАТА ДОЈДЕ ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КАСАМИСметаката на Општина Тетово во моментов е блокирана, па не може да им се исплати плата на вработените. (Фото: СДК.МК)

    Утрово Финансиска полиција дошла во Општина Тетово да го провери работењето на Општината во изминатиов период, но ваквиот упад градоначалникот Билал Касами го смета за политички притисок кој врз него од централната власт.

    „Во тешка и кризна ситуација во која се наоѓаме, кога до денес сé уште не се исплатени платите на вработените бидејќи сметката на Општината е блокирана, имаме непоканети гости од страна на Финансиската полиција поради некои нивни сомневања за незаконско работење уште од времето на Сади Беџети. Јас ова го сметам за политички притисок“, изјави градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами при денешната посета на Универзитетот на Југоисточна Европа кој славеше 20 години од основањето.

    Касами не сакаше да ја коментира денешната средба помеѓу Зоран Заев и Африм Гаши бидејќи рече дека тука е поканет како градоначалник и не сака да одговара за други прашања.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира