ОДАМ НА РАБОТА И СЛИКАМ ЃУБРЕ, МОРА СЕКОЈ ДЕЛ ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР ДА Е ЧИСТ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕРАСИМОВСКИ

    ОДАМ НА РАБОТА И СЛИКАМ ЃУБРЕ, МОРА СЕКОЈ ДЕЛ ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР ДА Е ЧИСТ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕРАСИМОВСКИОпштина Центар денес организираше акција за чистење на сите основни училишта. (Фото: Општина Центар)

    Општина Центар денеска организираше акција за чистење и зазеленување на сите основни училишта на територијата на општината. Во акцијата учествуваат општинската администрација со градоначалникот Горан Герасимовски, вработените од ЈП „Паркинзи Општина Центар“, наставниците, учениците, родителите, екологистите,невладините организации и граѓаните.

    Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека Општината оваа акција ја организира со цел да се подигне јавната свест кај граѓаните за чистата животна средина и околина и негов приоритет во работењето ќе биде хигиената.

    „Со оваа акција сакаме да ја подигнеме јавната свест, затоа што во голема мера јавната хигиена зависи од нас самите. Колку сме ние подисциплинирани да го одложуваме отпадот онаму каде што треба, толку нашата средина ќе биде почиста. Фокус во моето работење ќе биде секој дел од општината, секој ден да биде чист. Од првиот ден откако стапив на функција одам на работа и сликам ѓубре. Вакви слики не смее да има во Центар“, ни изјави градоначалникот Герасимовски.

    Герасимовски вели дека Општината ќе продолжи да организира вакви акции секој месец за да ја подобри општинската хигиена, но и да ја развие свеста кај граѓаните за чиста животна средина.

    Општина Центар започна и со формирањето на посебен комунален сектор во рамки на ЈП „Паркинзи Општина Центар“, кое ќе биде задолжено за јавната хигиена на целата територија на општината.  Ќе се набават и нови метларки и машини за чистење и миење на општината.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира